Поради кражба приведени се двајца малолетници од Скопје, соопшти МВР.
-Тие се сомничат дека во периодот од 08.00 до 15.00 часот со употреба на сила и алат влегле во подрумски простории од згради на ул.„Манапо” и одзеле повеќе предмети од две лица. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, се наведува во соопштението.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.