Двајца напаѓачи убиле 10 лица, а повредиле најмалку 15 во Канада

Канадската полиција во неделата соопшти дека трага по двајца осомничени за кои се верува дека избоделе 10 лица до смрт и раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван. Полицијата ги именуваше Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон (Мајлс) како двајца од осомничените и рече дека патувале со црн Нисан Рог.

Убодите со нож биле пријавени рано утринава по локално време, а полицијата издала тревога за опасно лице низ провинцијата.

До попладневните часови, слични предупредувања беа издадени во соседните провинции Алберта и Манитоба.

Ронда Блекмор, командант на канадската кралска полиција во Саскачеван, рече дека властите не знаат дали осомничените ги смениле возилата.

– Нивната локација и правецот на патување се непознати. Страшно е тоа што денеска се случи во нашата провинција – изјави Блекмор.

Таа рече и дека полицијата се уште е во почетна фаза на истрага, дека се обидува да ја утврди врската меѓу двајцата осомничени и дали и биле познати на полицијата. Таа не можела да ги наведе мотивите за нападот.

Нападите се случија на повеќе локации, а полицијата истражува 13 места каде се пронајдени или мртви или повредени лица.

Полицијата соопшти дека се чини дека некои од жртвите биле цел на осомничените, додека други биле нападнати по случаен избор.

Претходна вестПроменливо време со слаб ветер и локален дожд
Следна вест184 санкционирани возачи во Скопје, 24 возеле пијани