Две лица, возачи на цистерни, се полесно повредени во сударот меѓу две цистерни на автопатот А1, на делницата од Стоби до Неготино.
МВР информира дека незгодата била пријавена во 03.20 часот.
-Во несреќата учествувале товарно возило „ман“ со приклучно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(28) од Богданци и товарно возило „Ман“ со приклучно возило – цистерна со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Т. (51) од Кавадарци, соопшти МВР.
Возачите се пренесени ЈЗУ-Општа болница во Велес за укажување лекарска помош.