Две лица туристи од Македонија се удавиле денеска на плажата Спиле во Албанија, објави албанската телевизија А2 Си-ен-ен.
Телевизијата наведува дека полицијата информирала дека се работи за две повозрасни лица М.М(79) и Ц.М(78) кои дошле на одмор од Северна Македонија, а како причина за давењето се сметаат високите бранови.
Освен овој во Албанија денеска имало и трет случај на давење во кој настрадало едно лице на возраст од 59 години кое се удавило на плажата во Велипоја
Инцицентите се случиле околу 11 часот утринава, додека истражните тимови работат на расветлување на околностите за настанот.