Две безживотни тела пронајдени по пожар во скопското село Морани

Тела на маж и жена утрово се пронајдени во куќа во селото Морани откако во неа избувнал пожар.

Случајот во полицијата бил пријавен околу 4 часот.

-Пријавено е дека во селото Морани, во викенд населбата гори куќа, сопственост на Р.Н. (66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат, информираат од МВР за Курир.

Причината за пожарот допрва ќе се утврдува.

Претходна вестГрупација за авто-такси превоз: Не се создадени услови за повисоки цени
Следна вестПомошник на министерот во МВР обвинет за оштетување на буџетот за 3.000 евра