Две братучетки од Хрватска на 11 и 12 години се загушиле од печка- биле на гости кај баба им

Вчера околу 22 часот во Пожега во бања од семејна куќа две деца на возраст од 11 и 12 години се затруле со јаглерод моноксид, соопшти полицијата.
Децата се пренесени во жупаниската општа болница Пожега за понатамошна медицинска помош. Констатирани се со полесни физички повреди и се задржани на понатамошно лекување.

Како што дознава Danas.hr, станува збор за две девојчиња, односно братучетки, кои биле во семејниот дом на нивната баба. Наводно, во болницата во Пожега пристигнале без свест. Едната од нив подоцна била пренесена во Клиничката болница во Осиек. Во моментов и двете се стабилни. Истрагата треба да утврди што и како се случило.

Полицијата често ги предупредува граѓаните за опасноста од труење со јаглерод моноксид, гас кој е познат и како „тивок убиец“ бидејќи е целосно без мирис, боја и вкус, па човек може да биде изложен долго време на него без воопшто да забележи.

На граѓаните им се советува редовно да ги сервисираат апаратите на плин и течно гориво кај овластени сервисери, а исто така потребно е да се почитуваат роковите за чистење на оџаците, што треба да го направи оџачар како овластен и одговорен професионалец.

Исто така, потребно е редовно чистење на вентилационите канали и излезите за воздух на вратите од бањата или котларата и редовно проветрување на просториите, како што се кујните, бањите, котларниците, гаражите и другите места каде што се користат плински уреди или шпорети за греење.

Полицијата ги советува и граѓаните да не ја заклучуваат бањата при туширање доколку користат бојлер на гас, за во случај на труење брзо да им се помогне. На граѓаните им се советува и да набават детектор за јаглерод моноксид и да го постави стручно лице, објави Индекс.

Претходна вестСообраќајка во Скопје,тешко повреден мотоциклист
Следна вестКузеска: Пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните пет месеци