Две години казна затвор доби медицинската сестра од Клиниката за онкологија Амела Османовиќ, во случајот со кражба, односно изнесување на цитостатици.
-Таа во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, објави „Слободен печат“.
Таа е во бегство уште пред да почне судењето. Во придружба на друго лице со автомобил била забележана на граничниот премин Табановце. Не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја издржува затворската казна,
Пресудата е правосилна. Обвинителството барало повисока затворска казна, но Апелација не го уважила таквото барање. Истовремено отворена е поголема истрага за злоупотреба на биолошката терапија на Клиниката, а каде што Јавното Обвинителство сомничи 5 лица меѓу кои и четворица доктори.