Измама од две лица вчера пријавил 34-годишен жител на Пробиштип. Тој вчера во 10.30 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 08.30 часот бил измамен од две лица за сума од 1.000 евра.
Според пријавеното, лицата му се доближиле и едно од нив му кажало дека неговата сопруга е во приватна болница и дека треба да му покажат пари на докторот, а тој нема моментално во него.
Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а другото лице му дало завиткана хартија во која наводно имало дијаманти како гаранција додека не му ги вратат парите.
Лицата заминале и не се вратиле, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.