Укажување на лекарска помош побарала 71-годишна жена од Скопје во Градската општа болница „8. Септември“. ГОБ денеска информира дека таа претходно сама дошла до болницата.
Според пријавеното во МВР, таа се здобила со повреди вчера околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.