Две лица пронајдени починати во своите домови во Скопје

Два случаи на починати лица во Скопје регистрирала вчера полицијата.

МВР соопшти дека во 08.00 часот било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината М.В.(75) од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Во сопствениот дом на подрачјето на Чаир, околу 14:40 часот бил пронајден починат И.С.(69) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Како што информира МВР, во двата случаи, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Претходна вест„Левица“: Договорот со „Бехтел и Енка“ останува тајна – ДПМНЕ го погази ветувањето за декласификација
Следна вестЈСП „Скопје“ објасни зошто дел од валидаторите во автобусите се завиткани, се правела надградба на системот