Две лица пукале кон полицијата во Дебар за да не ги запре

Вчера во 23.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато, при преземање на мерки и активности, на периферијата на Дебар, забележале две лица кои се движеле во правец на Република Албанија.

При обид да бидат запрени, лицата испукале неколку куршуми од огнено оружје кон нив, на што полициските службеници возвратиле и лицата се дале во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПорталот uslugi.gov.mk редизајниран и со нови 100 електронски услуги за граѓаните
Следна вестВладата не се откажува од Чебрен, но да биде во државна сопственост