Две лица загинаа, неколкумина се повредени во тешката сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Две лица загинаа, а неколкумина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на патот Градско-Прилеп кај Росоман, потврдија од МВР.

Во моментот се врши увид на лице место, а повеќе информации за состојбата на повредените ќе бидат познати во текот на денот.

Несреќата се случи утрово во 6.40 часот, по што сообраќајот е во прекин.

Претходна вестНенад Димитријевиќ се повреди, не патува со репрезентацијата на Македонија во Талин
Следна вестВо Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно