Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, едниот возач побегнал

Тешко повредени мотоциклист и сопатничка во судир со автомобил на автопатот Скопје-Велес.

Несреќата се случила вчера во 13.50 часот, а автомобилот со косовски регистарски таблици, по незгодата избегал.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестНаставник малтретира дете во скопско училиште (ВИДЕО)
Следна вестВо сообраќајка на „Илинденска“ повредени тројца луѓе