Две лица синоќа се приведени од страна на полицијата по пукањето во Ѓорче Петров. Повеќе детали за иницидентот ќе бидат сооштени денеска од страна на МВР.
Престрелката се случила вчера попладне во скопската населба Ѓорче Петров кај кружниот тек во близина на црквата.
-Околу 16.40 часот пријавено е дека на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило „Мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р.. Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош, информира МВР.
Неофицијално се дознава дека станува збор за лице кое е син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи кој беше разрешен од функцијата минатата година.