Две постари лица во Скопје измамени со наводни сообраќајки на нивни блиски

Две постари лица во СКопје се измамени откако непознати лица им се јавиле дека нивните блиски имале сообраќајни несреќи.

-Вчера 84-годишен маж  од Скопје пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице. Тој бил телефонски контактиран од непознато лице кое му кажал дека неговата внука направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека треба да се сретнат за да плати одредена сума за неговата внука да биде ослободена. Откако ги дале парите, пријавителите сфатиле дека се измамени, соопшти МВР.

Пријава во скопската полиција вчера поднела и 75-годишна жена од Скопје. Таа изјавила дека непознато лице на телефон ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати одредена сума за нејзината ќерка да биде ослободена. Таа ги оставила парите и личниот накит на договорена локација.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМиљана Рељиќ седма на најновата Олимписка ранг листа
Следна вестУтре во Ѓорче Петров манифестација „На гости во Ханриево“