Македонските математичари освоија два сребрени, два бронзени медали и две пофалници на 63. Интернационална математичка олимпијада во Осло, Норвешка. Се работи за најпрестижен математички натпревар во светски рамки.
Од Сојузот на математичари соопштија дека Никола Спировски и Дамјан Давков освоиле сребрени медали со по 29 освоени поени, Блаже Суклевски и Јан Стојановски освоиле бронзени медали со 27 и 24 поени, а Алексеј Тасиќ и Јасна Илиева освоиле пофалници со 21 и 18 поени.
Нашиот тим средношколци учествува на ИМО во Осло под водство на Илија Јовчевски од ПМФ и заменик-водачот Мирко Петрушевски од Машински факултет.