Две суви дрвца, двајца градоначалници, две години…

На Централниот плоштад има фалинки каде и да се свртиш. Тотално е запуштен: опкружен со недовршени згради, со многу грди тараби-огради околу, а сега пак и голема дупка зјае на подната фонтана во која пропадна комунално камиоче …

И кога ќе помислиш дека барем сега на топлото време украс ќе бидат разлистените дрвца, ете ти и таму фалинка.

Две дрвца исушени стојат едно до друго во дрворедот. И така е две години.

Двајцата градоналаници, тој на Град Скопје и тој на Општина Центар, што чекаат? Што не ги отстранат и посадат нови? Да споменуваме ли дека и од другата страна на плоштадот – на дрворедот има исушено уште 2 – 3 такви дрвца?

Да потсетиме: градоначалникот Петре Шилегов ветуваше дека Скопје за време на неговото градоначалствување ќе стане зелен град. Ветуваше и полн сјај на центарот на градот, ветуваше и…

Претходна вест26 годишно момче од Албанија паднало од балкон во Кичево
Следна вестСДСМ контра Пендаровски: На 27 април се случи тероризам, а тоа го потврди и судот