Две жени се степале пред продавница во Ѓорче Петров, во текот на вчерашниот ден, објави МВР.
-На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11.40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје, се вели во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.