Во понеделникот, во 14.30 часот во СВР Скопје, А.К.(39) пријавила дека на 23.08.2024 околу 20 часот во с.Петровец, скопско, по претходно нарушени односи, била физички нападната од М.К., двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден, во 7.41 часот во СВР Скопје, Ј.В.(27) пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од И.В.(31), двете од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.