Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне  на магистралниот пат Радовиш-Штип.

Во несреќата е повредена и сопатничката од едното возило, која е пренесена во штипската Болница.

Веста  ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.

– На местото на несреќата починале возачите на двете возила, смртта ја констатирал лекар од „ЈЗУ Здравствен дом Радовиш“ а сопатничка од патничкото возило „опел” била пренесена во Медицински центар Штип“, информира Трајанова.

Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за денес.

Претходна вестКривична за директорот на ЈП „Пазари“ Битола: склучил договор за јавна набавка со фирма избришана од Централниот регистар
Следна вестПосебен сообраќаен режим во Скопје