Невобичаена сообраќајна незгода се случи денеска откако автобус на ЈСП „Скопје“ удри и се качи во средишната жардиниера на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на ТЦ „Мавровка“ во Скопје.
Според првичните сознанија, во оваа незгода се повредени три жени кои во тој момент биле во автобусот.
Од Итната медицинска помош за МИА потврдија дека се повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош се пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.
На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна.
Фото: Социјални мрежи