Џафери ги менува Алиу и Меџити, ги предлага кандидатите на Села за нивните места

По отворениот раздор меѓу актуелниот и поранешниот претседател на Алијанса во врска со настапот на партијата на претстојните избори, на површина испливаа и различните ставови на тројцата министри од редовите на Алијанса по однос на ова прашање. По низата превирања во Алијанса за Албанците, кои освен меѓу актуелниот и поранешниот лидер на партијата, Арбен Таравари и Зијадин Села, направија раздор и меѓу министрите од оваа партија, од Алијанса информираа дека до премиерот ќе предложат разрешување на двајца од тројцата министри кои оваа партија ги има во Владата.

Откако стигна предлогот, денес претседателот на Владата, Талат Џафери доставил допис до претседателот на Собранитето, Јован Митрески во кој бара разрешување на Фатмир Меџити и Азир Алиу.

– Претседателот на Владата на Република С. Македонија, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација, информираат од Владата.

-Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, сти во членот 92 став 2 од Уставот.

– Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, се вели во соопштението.

Претходна вестХоланѓанец 40 години живее со пресадено срце, влезе во Гинисовата книга на рекорди
Следна вестЕвропскиот парламент експлицитно бара меѓународна истрага за изборите во Србија