Џафери поднесе оставка

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата.

Џафери го овласти потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана за утре.

Претходно денес, оставка поднесе и премиерот Димитар Ковачевски, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката в недела на 28 јануари.

Џафери ќе биде новиот технички премиер, во период од три месеци, до парламентарните избори на пролет.

Претходна вестMaж од Сопиште најден мртов во шума
Следна вестСилен земјотрес во Турција