Џафери: Професионалноста на Меџити и Алиу не е спорна, законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

Според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери пред пратениците, образложувајќи го поднесеното барање за разрешување на овие двајца министри од Алијанса за Албанците (АА), пренесе Локално.

По кусото образложение на Џафери, се обрати и министерот Меџити, порачувајќи и на ДУИ дека „политиката е средство за помош на граѓаните и за подобрување на состојбите, а не средство за реализирање лични интереси“. Меџити ги повика пратениците уште еднаш да размислат пред да ја донесат одлуката за неговото разрешување.

-Сакам да напоменам дека предлогот за разрешување на министрите не се однесува на нивната професионална подготвеност за која имам посебна почит, туку, според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто беше предложено разрешувањето. Овие двајца министри се изјаснија дека ќе го поддржат статусот на претседателот на партијата дека ќе делуваат како опозиција, а според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто се предлага разрешувањето. Согласно Уставот, ова е мое право, а одлуката ја носи Парламенетот, истакна Џафери кој вчера го достави барањето за разрешување на двајцата министри.

Извор: Локално – целиот линк прочитајте го ОВДЕ

Претходна вестБегал од полицијата и со возило мигранти од Сирија излетал од автопат
Следна вестМилошоски: Во ова танго на Талат и Села, Ковачевски и СДСМ се само неми статисти