Џефри Сакс: Европа не сакаше Југославија да опстане

Верував во спас на Југославија, истакна познатиот американски економист и професор на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс. Тој беше советник на југословенскиот премиер Анте Марковиќ во 1990-тите.

Сакс во интервју за НИН изјави дека „премногу политичари во Југославија и во Европа сакаа да и стават крај на Југославија, а не да ја спасат“.

-Главната работа што ја препорачав во 1989 година во поранешна Југославија, Полска, Советскиот Сојуз, а подоцна и Русија беше глобалната соработка со регионот во криза за да се излезе од хаосот. Она што го советував во секој од тие случаи, вклучително и Југославија, беше финансиска надворешна помош за да се стабилизираат финансиите во нестабилна ситуација, објасни професорот.

Но тоа не било прифатено.

-Кога го предложив тоа за Југославија, Европа го отфрли. Европа не сакаше Југославија да опстане. Тие сакаа да ја видат распадната. Верувам дека резултатите беа генерално штетни иако, се разбира, многу од земјите наследнички се среќни поради нивната независност, посочи Сакс.

Инаку тој посочил и за сегашната состојба во светот: „Економската криза не е толку актуелна или тешка како во 2008 година, додека глобалната геополитичка криза е најлоша од крајот на Втората светска војна“.

 

 

Претходна вестОд брза пошта во Тетово украле коверти со пари и документи
Следна вестПочнува 63. издание на Струшките вечери на поезијата