„Џиновско“ бебе се роди во Србија

Сузана Кучина (27 г.) на 5 август го роди Павле во родилиштето во Горњи Милановац, жив и здрав, тежок речиси шест и пол килограми и долг 68 сантиметри. Бебето кое собори рекорд ги изненади мајката, лекарите и сограѓаните кои не паметат дека се родило вакво големо бебе во нивната општина, но и пошироко.

Претходно мајката Кучина имал родено две деца кои биле со нормални параметри, тежина и должина и н ишто не укажувало дека Павле ќе биде „џиновско“ бебе.

– Знаевме дека е големо бебе, но не знаевме дека е толку големо. Очекувавме да тежи преку 4 килограми, но не изненади кога се роди, изјави мајката на новороденчето за српските медиуми

Доктор Драган Перишиќ ја водел бременоста на Сузана и го извршил породувањето кое, како што вели, поминало совршено. Тој истакна дека во својата долга кариера никогаш не сретнал бебе со оваа големина.

Претходна вестОпштина Ѓорче Петров предлага пет улици да се именуваат по бранителите загинати кај Љуботенски бачила
Следна вестПолска испраќа 10.000 војници на границата со Белорусија