ДЗСИ: Нема прекршување на процедурите во лекувањето на 17-годишното момче со аутизам

Нема прекршување на процедурите во лекувањето на 17-годишното момче со аутизам во психијатриската болница во Демир Хисар, констатирал Државниот здравствен и санитарен инспекторат со вонредниот надзор. Директорката Рената Младеновска денеска објасни дека момчето било сместено на адолесцентното одделение, но поради неговата агресивност кон пациентките, било преместено на машкиот акутен оддел за пациенти кои се однесуваат насилно.

-Оние фиксатори се направено исклучиво за пациенти коишто се агресивни. Воопшто не станува збор за ланци или за некои други предмети коишто беа изнесени во јавноста. Од сите наши досегашни редовни и вонредни надзори не сме начекале или виделе во психијатриските болници предмети за коишто би кажале дека се измачуваат пациенти, рече таа.

Здравствената состојба на момчето била постојано следена, а за тоа биле известувани и родителите. И претходно се лекувал во психијатриската болница, имало препорака за контролен преглед, но родителите не го донеле. Момчето било медицински третирана, а за што се водела уредна дневна документација.

 

Претходна вестНа 36.000 млади луѓе ќе им бидат доделени бесплатни билети за патување низ Европа, можат да се пријават и Македонци
Следна вестОваа година најтопла во историјата на човештвото