Е.Пелистер со трумф над Вардар го освои турнирот во Струга

Актуелниот македонски ракометен првак Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 одиграа вистинско ракометно дерби каде мечот заврши со победа на „зелените“ од 29-26.

Вардар беше бранител на титулата, но не успеа да дојде до посакуваниот резултат. За Еурофарм Пелистер ова беше 14-та титула на настанот кој традиционално се одржува во градот крај езерото секоја година.

„Зелено-белите“ имаа повеќе нерви и знаење во клучните моменти, а мора да се напомене дека на моменти се играше и доста грубо, особено во почетната фаза на мечот.

Во такви услови подобро се снајдоа ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои клучната разлика ја направија во последните 10 минути од дербито во кои се влезе со резултат 23:23.

На три минути пред крајот, Пешевски постигна гол за плус два на тимот од Битола, а тоа се покажа како клучен момент за решавање на победникот.

Претходна вестЧеститка од министерот Мисајловски по повод 18-ти Август – Денот на Армијата
Следна вестГенерал – мајор Сашко Лафчиски ќе ја преземе должноста началник на генералштабот на Армијата