Еден активен пожар во Македонија, 21 се изгаснати во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 892 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,11%, а 59,89% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,33%, кон Итната медицинска помош 24.09%, а кон пожарникарите 8,75% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 1,83% со другите 59,89% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 138 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

ЦУК информира дека утрово има се уште само еден активен пожар на отворено од вчерашните. Имало вкупно 22 пожара на отворено во државата, пожарникарите 21 изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места во последното деноноќие.

Активен пожар на отворено, од вчерашните 22 има на планината Китка, каде што се уште гори, најверојатно нискостеблеста вегетација, согласно последните информации што се добиени на 112 во ЦУК. Вчера во период од 16.15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК добиено е пријава за шумски пожар кон Караџица во близина на место викано Преслап после куќата на Планинарското друштво „Китка“, над селото Палиград, а под месноста „Карпата“ на планината Китка. За ова веднаш била известена подружница „Караџица“ на ЈП „Национални Шуми“ и Општина Студеничани од каде што информираа дека на неутврдена површина гори сува трева и мешана ниска и висока вегетација. Од подружница „Караџица“ информирале дека реонскиот чувар ќе оди на лице место за проверка на истиот пожар, дали пожарот има големи размери или не. Поради непристапниот терен, гаснење ноќеска не било можно.

Истото вчера беше потврдено и од БППЗ кои известија дека во 17:00 часот, на местото од пожарот е упатено 1 ПП возило и 3 пожарникари кои ќе ја извидат ситуацијата и ако е можно ќе дејствуваат. Инаку, информацијта дека се уште чади и индицира дека гори од локацијата на истоимениот пожар ја потврдија и велосипедистите коишто сношти, а и утрово и во момент на пражање на утринската информација и со фотографии и со локација информираа за пожарот.

Пожарникарите во последното деноноќие изгаснале 21 пожар на територијата на државата.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје, во изминатото деноноќие имаше три помали интервенции за запалена ниска вегетација на различни локации во Градот и околината.

Претходна вестБраво за Маја: Се грижи за оставени кучиња, ги лекува и им наоѓа нов дом
Следна вестПелистер и МЗТ Скопје ќе водат битка за трофеј од Купот на Македонија