Home АКТУЕЛНО Еден мотоциклист е тешко повреден, а другиот што учествувал во сообраќајката побегнал

Еден мотоциклист е тешко повреден, а другиот што учествувал во сообраќајката побегнал

0
Еден мотоциклист е тешко повреден, а другиот што учествувал во сообраќајката побегнал

Вчера во 5.25 часот во Полициската станица – Прилеп било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.С., на возраст од 49 години од овој град и друг мотоцикл, кој по несреќата го напуштил местото.

Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот 50-годишен сопатник М.Т. од прилепското село Мало Коњари, се здобил со телесни повреди, констатирани во прилепската Градска болница.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР – Прилеп и се работи на расчистување на случајот