Еден од најбогатите луѓе предупредува: Доколку продолжат сегашните трендови граѓанската војна во ЕУ е неизбежна

Еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, смета дека актуелната имиграциска политика на ЕУ води кон неизбежна граѓанска војна во Европа. Маск ја прокоментирал објавата на британскиот политиколог Константин Кисин, кој во светлината на конфликтот меѓу Хамас и Израел ја критикувал имиграциската политика на европските земји.

– Кога ќе видите илјадници луѓе како слават за силувања и убиства извршени од членови на забранета терористичка организација, а полицијата во големите европски градови стои и гледа, знаете дека работите се лоши. Но, тоа само ќе се влоши! Секој пат доведуваме луѓе кои секојдневно вака размислуваат. Ние одбиваме да имаме разумна имиграциска политика која прифаќа луѓе со културни вредности кои одговараат на нашите. Наместо тоа, ја отвораме границата за секој кој сака да се „качи на бродот“ и го демонизираме секој политичар кој ќе се обиде тоа да го спречи. Наскоро илјадниците луѓе кои „протестираат“ ќе станат десетици илјади. И како што проблемот се влошува, укажувањето на истиот и барањето акција само ќе стане поопасно. Европа се самоуби, навел Кисин.

Сопственикот на „Тесла“ и социјалната мрежа „Х“ веднаш се надоврзал.

– Граѓанската војна во Европа е неизбежна доколку продолжат сегашните трендови, напишал Маск.

Милитантите на Хамас го нападнаа Израел во саботата, а поддржувачите на таа палестинска милитантна група излегоа на улиците во многу европски градови и славеле.

Претходна вестНаправиле сообраќајка, полицијата им најде пиштоли во автомобилот
Следна вестХорор во Демир Капија, четири малолетници силувале врсничка