Еден пациент почина, 87 новозаразени од корона вирусот

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, соопшти пред малку Министерството за здравство. Најголем број повторно е забележан во Скопје – 41, а потоа во Куманово 12, Штип 16, Тетово 10, Струга 1, Охрид 2, Гостивар 1 и Пробиштип 4

-На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти: Скопје 1, Прилеп 2 и Тетово 2.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424, информира Министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Претходна вестДивата депонија кај Визбегово и натаму чади, со пожари ли ќе се исчисти?
Следна вестКрадец ја обил и влегол во општинската зграда во Арачиново