Од направените 1.665 тестирања во Македонија регистрирани се 115 нови случаи на инфицирани граѓани со корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство. Најголем број на новозаразени лица има во Скопје 34, а потоа следат Куманово-10, Штип-14, Прилеп-15, Тетово-3, Струга-13, Битола-4, Охрид-4, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Свети Николе-2.
– Во болнички услови е починат пациент од Гостивар на возраст од 76 години, се наведува во информацијата.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од: Скопје-64, Куманово-74, Дебар-28, Штип-30, Прилеп-5, Тетово-48, Струга-9, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-20, Гостивар-36, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-6, Радовиш-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-12, Неготино-1.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.455, бројката на оздравени пациенти е 11.525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.326.