Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19

Голема кашлица, пертусус, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“, потври за МИА Мирјана Поповска, специјалист педијатар во „Козле“.

Во исто време, едно дете со Ковид-19 моментално е хоспитализирано на Детската клиника „Козле“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во државава.

Поповска информира дека во „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти. Во моментов, има околу шеесетина хоспитализирани деца на клиниката.

– Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, додаде Поповска.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети за МИА рече дека три случаи на пертусис – голема кашлица, се евидентирани во 2023 година, сите од Скопје, од кои еден во декември.

– Од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во нашата држава. Починало едно лице со Ковид-19. Од новозаболените, најмногу се од Скопје – 36, потоа Охрид со 13, Битола со седум, појасни Мемети.

Српски медиуми, пак, пренесуваат оти во Србија има тридемија, односно судир на грип, коронавирус и респираторен синцијален вирус (РСВ). Кашлање, болка во грлото, температура, омалаксаност, болки во мускулите, се најчестите симптоми на грипот, Ковид-19 и респираторните инфекции од кои страдаат поголем број Срби.

Претходна вестДодик: Ова е прашање на живот и смрт, ќе ги повлечеме Србите од војската, полицијата…
Следна вестОсум повредени во сударот меѓу полициско возило и автомобил кај Белановце