Едно лице загина во пожар кој избувнал денеска во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во Куманово. Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 15 часот. Во моментов пожарот е под контрола, екипите работат на негово догасување.
Од противпожарната единица за локалните медиуми изјавиле дека зафатени биле канцелариски простории во кои живеело едно лице. Во пожарот настрадал човек кој се обидел да го гаси пожарот, но најверојатно дошло до задушување.