Единствено стабилно во состојбата со ковид е растот на заразени – денеска 672 и пет починати

Во последните 24 часа се пријавени  5 починати лица како последица од ковид: по 2 починати лица одТетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г),  по едно починато лице од Виница (62г) Сите починати лица се починати во болнички услови.

Направени се 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на заразени:

Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Регистрирани сe 35 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369, при што 1.468 во Скопје.

Претходна вестДеновиве топло, од понеделник се враќаат 40 степени
Следна вестВо пресрет на викендот: На Табановце, Блаце и Богородица за излез се чека 30 минути