Во Индонезија се очекува на 15 овој месец да се донесе нов закон со кој вонбрачниот секс ќе се казнува до една година затвор. Со ревизијата на законот ќе биде забрането и живеење заедно пред брак.
– Овој закон се работи со децении, а новиот кривичен закон се очекува да биде усвоен на 15 декември, изјави индонезискиот заменик министер за правда Едвард Омар Шариф Хиариеј.
Законот, доколку биде усвоен, ќе важи и за индонезиските државјани и за странците.
Претходниот предлог-закон требаше да биде усвоен во 2019 година, но тој предизвика протести низ целата земја. Десетици илјади луѓе протестираа во тоа време против низа закони, особено оние за кои се смета дека го регулираат моралот и слободата на говорот, за кои рекоа дека ќе ги намалат граѓанските слободи.