Едно лице повредено во сообраќајка на патот Прилеп-Битолa што се случила ноќеска околу полноќ.
Според првичните информации во сообраќајната несреќа учествувале товарно возило и автомобил.
Сообраќајот на магистралниот пат е во прекин, а истиот се пренасочува.
Од МВР додаваат дека по завршување на увидот ќе излезат со повеќе информации.