Едно лице загина, неколкумина исчезнати при уривањето зграда во Хаг

Во експлозија и пожар што утрово резултираа со уривање на зграда во Хаг, Холандија, загина едно лице, три се повредени, а неколкумина се водат како исчезнати, изјави градоначалникот на градот Јан ван Занен.

На прес-конференција, тој посочи дека исчезнатите се веројатно затрупани под урнатините.

-Шансите да ги пронајдеме живи се многу мали, рече градоначалникот.

Причината за несреќата, која се случила околу 6 часот утрово по локално време, засега не е позната. Според првичните информации, се слушнала помала експлозија, по што следела поголема.

Полицијата апелира до сите што забележале сомнителни активности или имаат видео-снимки од местото на несреќата, да се јават со информации.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека делот од зградата каде се наоѓале пет станови е целосно разрушен.

Премиерот Дик Шоф изрази шокираност и понуди помош за локалните власти.

Претходна вестЃоргиевски на телефон со граѓани: Нeкои немаа проблем, туку потребен им беше пријателски разговор, па произлегоа идеи
Следна вестМакедонските државјани во Сирија да ја напуштат државата веднаш, апелира МНР