Осумдесет лиценцирани туристички водичи ќе добијат еднократна финансиска поддршка од 30.750 денари од Владата за делумно покривање на штетата што ја претрпеа од ковид-кризата.
Помошта е дел од шестиот пакет антикризни мерки, исто како што е и помошта за 33 компании – организатори на настани.
Владата на денешната седница одлучи од шестиот пакет за справување со последиците од ковид-кризата, поддршка да добијат и сите 184 регистрирани фотографски студија и фитнес центри.
Исто така и 73 игротеки и приватни детски одморалишта.