Турските безбедносни сили во Сирија лишија од слобода уште еден осомничен за терористичкиот напад во Истанбул, при што беа убиени шест лица, јави турскиот телевизиски канал „А Хабер“. Инаку, познато е дека набргу после бомбашкиот напад беше уапсена жена од Сирија која се сомничи дека ја поставила бомбата, а и дека е поврзана со организација на Курдите.
Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ситуацијата во Истанбул се вратила во нормала по нападот.
-Уште еден терорист, кој помогнал да се изврши нападот, е фатен во Азаз, на северниот дел од Сирија, се наведува во извештајот на турските безбедносни сили.
Претходно, турските власти соопштија дека се уапсени неколку десетици осомничени, како и сомничената дека ја поставила бомбата.
Во експлозијата што се случи во неделата во центарот на Истанбул загинаа шестмина, а 81 лице се здобија со повреди.