Екипи на Црвен крст од 11 до 16 часот ќе мерат притисок и ќе им помагаат на бездомниците

Црвениот крст на град Скопје презема мерки за заштита на граѓаните за време на најавените екстремни температури преку изготвување на акционен план. Планот вклучува теренски активности за справување со топлотните бранови.

Мобилни тимови, составени од лекари или парамедици, ќе обиколуваат низ градот, дистрибуирајќи вода и флаери со совети за справување со жештините. Исто така, ќе се мери крвен притисок на граѓаните кои ќе изразат здравствени проблеми, со обезбедување транспорт до медицински установи ако е потребно.

Во наредните денови, 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе учествуваат во овие активности, со 6 возила кои ќе патролираат низ централните делови на градот и кај автобуски станици. Овие активности ќе се спроведуваат меѓу 11 и 16 часот и ќе продолжат во зависност од временските услови.

Дополнително, Црвениот крст ќе се грижи и за здравствената состојба на бездомниците, преку осигурување на контактен телефон за дојави за лица погодени од топлотниот бран.

Претходна вестПолицијата упадна кај 34 годишник во Струга, дома штанцал лажни дипломи
Следна вестЈавниот превоз во Скопје по неделен возен ред на 21, 22 и 23 јуни