Три лица биле повредени при експлозија во кругот на поранешната фабрика Железара. Тие биле пренесени во Комплексот на клиники.
– Денеска дваесет минути по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека во погон на фабрика во кругот на поранешна скопска Железара настанала експлозија, при што со повреди се здобиле вработените Р.Ѓ.(41) од с. Студеничани, Скопско, К.Ф.(29) од с. Мојанци, Скопско и Р.С.(33) од с. Долно Количани, Скопско, информираат од МВР.
Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.