Копретседателот на бугарската партија Продолжуваме со промените (ПП) Кирил Петков мора да се појави на распит во обвинителството за истрагата која се води против него за службено кривично дело.
Според обвинителството, Петков ги пречекорил своите овластувања со наредба за апсење на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова, публицистка на Борисов. Тројцата беа задржани 24 часа во март 2022 година. Случајот е заснован на претставка за уцена на бизнисменот Васил Божков.
Петков бил повикан во зградата на поранешното специјално обвинителство. Надзорен обвинител во неговиот предмет е Ангел Канев, кој ги надгледува и истрагите против Божков.
Не сум сторил никакво кривично дело, ова е политички напад, рече Петков при влегувањето.
Симпатизерите на ПП-ДБ се собраа пред зградата да му дадат поддршка. На протестот беа и поранешниот бугарски премиер Николај Денков и претседателот на ДСБ Атанас Атанасов.
-Сарафов е еден од алатките на машината, но оваа машина не застанува со него. Пеевски е личноста која ја води оваа акција. Ангел Канев не е случаен обвинител. Оваа машина мора да се демонтира, рече Петков.
Тој додаде дека е подготвен да се брани се додека е потребно. По излегувањето од распитот Петков нагласи дека на обвинителот му повторил дека не направил никаков престап како премиер на тогашната бугарска влада и додаде дека првпат видел точно како правосудниот систем функционира од внатре и тоа ќе го следи внимателно.
-Нашата визија за правна држава е базирана на тоа да функционира правосудниот систем да работи во Бугарија, не за мене туку за сите Бугари, рече Петков.
Обвинителството по приведувањето на Борисов, Горанов и Арнаудова соопшти дека во истрагата има голем број прекршоци, а рокот на притворот не е продолжен. Потоа, притворот на тројцата судот го прогласи за незаконски.
Три години подоцна, обвинителството отвори случај против Петков. Во декември тој доброволно се откажа од пратеничкиот имунитет. Обвинението против него се совпадна со барањето за одземање имунитет на соработничката Лена Бориславова и за апсењето на соработникот на Асен Василев.
Истрагата, според која беа уапсени Борисов, Горанов и Арнаудова, обвинителството ја прекина. Причината беше што не беа собрани доволно докази дека тројцата го уценувале Божков.