Елмас би можел да си замине од Наполи, понудени 25 милиони евра за трансфер?

За Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец и член на првакот на Италија, Наполи, заинтересирани се неколку европски екипи, меѓу нив и германскиот Лајпциг. Наводно германскиот клуб е подготвен на Наполи да му понуди 25 милиони евра за трансфер на Елмас, колку што изнесува неговата проценета вредност според „Трансфермаркт“ (26 милиони евра).

Елмас се’ повеќе е фрустриран поради недостигот на минутажа во Наполи, како кај претходниот тренер Руди Гарсија, така и кај Валтер Мацари. Последната вест од Наполи е дека Елмас е повреден (мускул) и нема да настапи на вечерашниот натпревар против Фросиноне во Купот на Италија.

Според Калчомеркато, 24-годишниот фудбалер, не е подготвен да чека уште многу за да се сменат работите и почнува да притиска за потенцијален јануарски трансфер. Есенва „Ла Република“ објави дека и Интер е заинтересиран за ангажирање на Елмас во јануари.

Репрезентативецот на Македонија дојде во Наполи од Фенербахче во летото 2019 година за 16,2 милиони евра. Договорот на Елмас со Наполи му истекува во јуни 2025 година. Во едно неодамнешно интервју првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, истакна дека Елмас не е на продажба, а доколку би бил, ќе биде продаден само за поголема сума пари.

Претходна вестОд прилепчанец одземени 19 птици од ретките сорти трнан и цајзли
Следна вестПендаровски: Доколку обезличувањето на Македонецот е патот по кој треба да одиме до Унијата, не познавам некој кој е подготвен да чекори по тој пат