Ем зелени ем граѓански: ДУИ вети референдуми за сите локални прашања

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денеска на прес-конференција
го претстави еден од петте столба на нејзината Изборната програма –
вклучувањето на граѓаните во донесувањето одлуки.

„Избери живот и гласај зелено“ – е слоганот на Демократската унија за
интеграција за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври, а петте столба се:

-Зелената агенда
-Дигиталната агенда
– Aгендата на вклучување на граѓаните
– Агендата на отворена врата и
– Агендата нула толеранција.

Според ДУИ, сите градоначалници се должни да организираат референдум за
сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.

-Дневната политика подразбира донесување чести и важни одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина. Вклучувањето на граѓаните во одлучувањето значи дека главните одлуки нема да бидат донесени од тесниот круг на раководење во општината непосредното раководство на општината, туку од вас граѓаните, рееч Агим Нухиу.

За оаа цел, како што образложи тој, ДУИ на своите листи на советници вклучиле бројни личности од граѓанското општество.

 

Претходна вестВардар ги пушти билетите за натпреварот со Мешков Брест – влез само со сертификат
Следна вест(ФОТО) Почна уривањето на една од галиите во Вардар, за ВМРО-ДПМНЕ ова е предизборен маркетинг