Голем интерес за билети за ракометното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија од 10 до 28 јануари идната година. Шест месеци пред почетокот околу 200.000 билети, што е 45 проценти од целата понуда, се продадени или резервирани, потврдија организаторите.
Следната голема продажба/резервација на билети ќе биде на 13 септември.
На овој континентален собир ќе настапи и најдобрата македонска репрезентација која ќе игра во групата „А“ заедно со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на 10 јануари 2024 во првиот натпревар на ЕП ќе играат против Франција во „Меркур Шпил“ Арената во Диселдорф од 18.00 часот, а истиот ден во истата арена од 20.45 часот Германија ќе игра против Швајцарија.
Организаторите потврдија дека натпреварите од 1.коло од групата А меѓу Македонија и Франција (од 18 часот), односно Германија и Швајцарија (од 20:45 ч.) ќе се одиграат пред рекордни 50.000 гледачи