Ердоган: САД и Британија сакаат да го претворат Црвеното Море во „море oд крв“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини САД и Велика Британија дека користат непропорционална сила во нападите врз цели на бунтовниците Хути во Јемен и се обидуваат да го претворат Црвеното Море во „море од крв“, пренесуваат турските медиуми.

– Тие употребија непропорционална сила и се обидуваат да го претворат Црвеното Море во море од крв. Израел го прави истото во Палестина. Добиваме вести преку многу канали. Од различни канали дознаваме дека Хутите успешно реагираат, рече турскиот претседател, цитиран од „НТВ“.

Посочи дека се надева дека Израел ќе биде осуден од Меѓународниот суд на ОН за воените злосторства извршени во Појасот Газа, јави државната телевизија ТРТ-Хабер.

Претходна вестСопственикот на Фејсбук стана сточар, говедата ќе ги храни со макадамски ореви
Следна вестПомош во дилемата на Ковачевски: Може ли МВР за еден месец да издаде над милион пасоши?