АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум затоа што одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период.
Најавуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач кој треба да биде за периодот јануари-јуни 2022 година.
Владата минатата недела одржа затворена седница, на која препорача цена и количин н електрична енергија со која ЕСМ ќе учествува на тендерот на ЕВН Хоум.
Вчера, министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека цената на струјата во следните шест месеци од 2022 година нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.