ЕСМ објаснува: За три години останавме без 1.190 работници, вработувањата се неопходни

Значително намалување на бројот на вработените коешто им се случило во последните три години е причина за распишаниот оглас со кој бараат 500 работници. Ова е објаснување кое денеска го даде државната комапнија ЕСМ по обвинувањата во јавноста дека се работи за предизборни вработувања.

-Во ЕСМ од почетокот на 2020 година до крајот на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1190, од кои над 76 проценти биле со работни места во производствениот процес, а над 23 проценти административни работни места, соопштија денеска од компанијата.

Опизициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека се работи за изборен поткуп. Но, од ЕСМ наведуваат дека работниците се потребни за да продолжи производството.

-Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат тоа, се наведува во соопштението на ЕСМ.

Од компанијата велат дека најголема потреба од вработени има во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87 проценти од огласите за врабтување се однесуваат на ваков кадар, а само 12 проценти се однесуваат за работни места во административниот дел, но и тие се во функција на производствениот процес.

На новинарско прашање зошто ЕСМ има потреба од нови 500 вработувања кога не е во добра состојба и дали станува збор за предизборни вработувања во јавниот сектор, премиерот Димитар Ковачевски деенска кратко изјави дека „изборите се на 8 мај 2024, а денеска е декември 2023 година“.

Претходна вестМакедонскиот репрезентативец Димитриевски е меѓу најдобрите голмани во Ла лига
Следна вестПратениците на Левица го бојкотираа Пендаровски: Тој ќе остане запаметен како промотор на антимакедонската сервилна меѓународна политика